ВМРО-ДПМНЕ: Заканите на ДУИ за дестабилизација нема да не поколебаат, иднината на Македонија е во единството, не во поделбите

vmro-2-35ls7gweiblstz5r9fu6m8
vmro-2-35ls7gweiblstz5r9fu6m8

ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја се неприфатливи“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на информациите од ДУИ за можна нестабилност доколку ДУИ не остане во власта.

Zito akcija 640x289px

„Обидите на ДУИ да се сликаат како бранители на албанските права не се ништо друго туку фасада за прилепување до власта по секоја цена. Нивното искуство доволно говори за нивните вистински намери. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на македонските Албанци „Вреди“, се залага за правда, транспарентност и вистинска застапеност за сите граѓани на Македонија.

Agria

Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби.

Нашиот фокус е поддржување на владеењето на правото, промовирање на единството и унапредување на интересите на сите граѓани, без разлика на етничката припадност.

Ја повикуваме ДУИ конструктивно да се вклучи во демократските процеси наместо да прибегнува кон тактики на страв и манипулации.

Иднината на Македонија е во единството, а не во поделбата“, велат од партијата на Мицкоски.

Од друга страна грчкиот премиер во интервју за грчка Алфа, посочи дека „со загриженост“ ги следи изјавите на функционерите на ВМРО, но и дека „со голем интерес“ го чека официјалниот став на новиот премиер за да види „на кој начин ќе се осврне на името на неговата земја“.

„Сакам да бидам јасен. Јас лично не се согласував со Договорот од Преспа, а особено со одредниците „македонска нација“ и „македонски јазик“. Но, го прифатив Договорот во рамките на континуитетот на државата и препознав дека, и покрај моето несогласување со Договорот, морам да го почитувам. Истите барања постојат и сега од новото раководство на Северна Македонија. Да бидеме трпеливи. Сакам да се надевам дека оние работи што се слушнаа предизборно, нема да бидат официјална позиција на новата Влада постизборно, бидејќи ако се случи ова ќе имаме проблеми“, рече Мицотакис.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: