Владата апелира до граѓаните да не наседнуваат на СМС-порака која преку лажен линк носи до идентична веб-страница како онаа на Влада, преку која креаторите се обидуваат да дојдат до податоци од платежни картички.
Текстот продолжува под рекламата
Содржината во пораката во која се наведува дека „Имате право на додаток од 6.150 денари“ не е испратена од Владата, туку се работи за фишинг измама.
Текстот продолжува под рекламата
„Ја информираме јавноста дека Владата НЕМА испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Доколку граѓаните добијат или веќе добиле порака со ваква или слична содржина во која се посочува Владата како испраќач, истата треба да ја сметаат за лажна и да не кликаат ниту на дадените линкови, ниту да одговараат на пораките кои ги добиле“, стои во соопштението на Владата.
Од Владата случајот го пријавиле во секторот за компјутерски криминал, по што од МВР постапуваат по него. И оттаму со апел до граѓаните да ги игнорираат овие пораки и да не ги споделуваат своите лични податоци.
Можеби ќе ве интересира: