Внуката контра велешката болница: Лага е дека мојот дедо почина од ковид-19!

Veleska bolnica 997x485
Veleska bolnica 997x485

Внука на 79-годишниот велешанец кој денеска почина во велешката болница, тврди дека нејзиниот дедо немал ковид-19 кога бил примен во болница. Габриела Петрушевска вели дека нејзиниот дедо никогаш немал висок крвен притисок, ниту дијабетес, како што официјално соопшти велешката болница. Според Петрушевска, дедо и бил хоспитализиран поради симптоми на мозочен удар. Таа обвинува дека од болницата не сакале да го примат без тест за коронавирус.

Zito akcija 640x289px

„Починатиот 79-годишен пациент е мој дедо. Тој не боледуваше од дијабетес и немаше хипертензија, односно висок притисок. Тој беше хоспитализиран после три дена боледување во домашни услови, со симптоми за мозочен удар, бидејќи беше неподвижен и дезориентиран. Од болницата не сакаа да го примат без тест за ковид-19, па откако му се влоши состојбата повикавме брза помош, која го транспортираше до болница. Го сместија на интерно одделение, во соба со двајца пациенти заразени со ковид-19. Откако по три дена тестот му излезе позитивен, примал тарапија за ковид, а не бил ниту снимен. Вчера го префрлиле на „заразно“, при што му го изгубиле апаратчето за слух и мобилниот телефон“, раскажува внуката Габриела Петрушевска.

Agria

Од велешката болница денеска соопштија дека починал маж од Велес на 79-годишна возраст, кој вчера бил префрлен од интерно одделение, со потврден позитивен тест и со хипертензија и дијабет. Откако нашата редакција ја објави оваа вест, покрај внуката Петрушевска, во коментари на фејсбук се јавија повеќе луѓе, а дел од нив пишуваат дека имале слично искуство со нивни член од семејството. Сепак, има и такви кои велат дека не треба да се „плука“ по лекарите и медицинскиот персонал.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=269537571294111&id=109675073947029

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: