Во Албанија од денеска стапија на сила новите мерки против коронавирусот, кои предвидуваат дека ниту еден странец или државјанин на Албанија не може да влезе во земјата без доказ дека е негативен на коронавирус.
При влегување, потребно е да покажете пасош за вакцинација, со датум од најмалку две недели од целосна вакцинација, негативен PCR тест не постар од 72 часа или антигенски не постар од 48 часа, или да покажете потврда дека сте го прележале коронавирусот.
Содржината продолжува под рекламата
Децата до шест години се ослобени од ваквите мерки, а правилата важат за сите патници кои се движат низ територијата на Албанија. Доколку лицата ги немаат потребните документи при пристигнувањето во државата, ќе бидат ставени во десет дневен карантин. Покрај ова, во Албанија е воведен полициски час од 23 часот до 6 наутро.
Mожеби ќе ве интересира: