Во Босна и Херцеговина, денес се потврдени 387 нови случаи на коронавирус, што е помалку од претходниот ден, но бројот на смртни случаи се зголеми затоа што се евидентирани 13 случаи, додека во вчера имало пет.
Вчера, БиХ забележа рекордни 453 случаи, најмногу од избувнувањето на пандемијата, но здравствените власти велат дека ситуацијата останува под контрола, бидејќи т.н. инциденцата, односно неделниот број на новоинфицирани на 100 илјади жители, сè уште е под 50.
Засега нема најави за воведување дополнителни ограничувачки мерки во БиХ, но постојано се апелира до населението да се придржуваат кон веќе пропишаните мерки и да избегнат какво било ризично однесување, особено поголеми собири.
Можеби ќе ве интересира: