Во Босна и Херцеговина, денес се потврдени 173 нови случаи на зарзени со коронавирус, соопштија институциите за јавно здравје во текот на денот.
Со тестирање на нешто помалку од две илјади примероци во изминатите 24 часа, вирусот е потврден кај 94 лица од Федерацијата на БиХ и 79 во Република Српска, а бројот на ново заразени е малку помал отколку во четвртокот, кога биле потврдени дури 180 вакви случаи.
Пријавени се уште два смртни случаи поврзани со коронавирусот. Постар човек почина во болницата во Тузла, а една повозрасна жена почина во Зворник.
Од почетокот на пандемијата во Босна и Херцеговина регистрирани се 4961 позитивни случаи на ковид 19, а вкупниот број на починати се искачи на 191.