Во драматичен натпревар Борец загуби од Македонија Ѓорче Петров

RK Borec RK MakedonijaGj P
RK Borec RK MakedonijaGj P

Нов неизвесен натпревар одиграа ракометарите на Македонија Ѓорче Петров и Борец. Победникот се решаваше во последните минути, а на крај на победата се радуваа домќините со резултат 33:31.

Zito akcija 640x289px

Неизвесно и ефикасно се играше од самиот почеток, двете екипи ги реализираа своите напади, а на полувреме се замина со резултат 20:18. Не се промени многу и во второто полувреме, продолжија и двете екипи да погодуваат, па се влезе во неизвесна завршница. Во последните десет минути Борец водеше со 29:30. Творец на пресвртот беше голманот Дејан Трајановски, кој одбрани три шута во овој период.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Одлучувачкиот момент во кој Македонија Ѓорче Петров го реши натпреварот се случи во завршницата кога при резултат 32:31 за домаќините ракометарите на Борец не реализираа напад, а на спротивната страната погоди Јаневски Дарко. Тука веќе беше јасно дека бодовите од оваа средба остануваат во Ѓорче.

Содржината продолжува под рекламата

Лазар Стојанов одново беше најефикасен кај велешани кој постигна 11 гола, со по седум гола во редовите на победничкиот тим најефикасни беа Александар Ѓорѓиевски и Божиновски Војислав.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: