Пописот на населението што требаше да се спроведе пролетва во Хрватска ќе се спроведе на есен и тоа во две фази, од 13 септември до 17 октомври.
Хрватската влада донесе ваква одлука поради актуелната епидемиолошка ситуација во земјата, а во првата фаза граѓаните на Хрватска ќе се попишуваат самостојно, преку интернет.
Хрватска Влада го задржува правото да утврди нови термини на пописот, доколку нема услови и за негово спроведување наесен.
Во Хрватска повторно се зголемува бројот на нови случаи на коронавирус, па од владата најавија заострување на мерките.
Можеби ќе ве интересира: