Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 1 165 нови случаи на коронавирусот, а починале 32 лица што е најголемата бројка досега на дневно ниво.
Бројот на активните случаи во Хрватска е вкупно 14 734. Од нив 1 127 се пациенти на болничко лекување, од кои 94 се на респиратори.
Од 25-ти февруари, кога во земјата е регистриран првиот случај на коронавирус, досега се потврдени 52 660 лица заразени со вирусот, од кои починале 594 луѓе.
Можеби ќе ве интересира: