Кривични пријави за шверцување мигранти добија двајца гевгеличани на возраст од 40 и 27 години. Тие се обиделе нелегално да пренесат 142 мигранти.
Утрото на 10 јуни полицајците забележале товарно возило „Ман“ со бугарски регистарски таблички и приклучно возило како се движи со голема брзина на автопатот Гевгелија – Велес во близина на граничниот премин со Грција.
Полицајците се упатиле кон камионот за да го запрат, а кај стариот пат од село Милетково кон село Габрово возачот го сопрел товарното возило и избегал. При преглед во товарното возило биле пронајдени мигрантите.
Поврзани вести: