Екипата на Башкими од Горно Јаболчиште е сеуште единствената екипа која ја нема почуствувано горчината на поразот во Третата фудбалска лига – Југ. На гостувањето во Прилеп, Башкими и Ултрас во натпревар со 10 голови ги поделија бодовите.
Содржината продолжува под рекламата
Домашниот состав поведе уште во 3 минута преку Свртиновски, но Ахмедовски со неговиот прв погодок на овој натпревар во 27 минута го израмни резултатот. Пановски, Мечев и Тошевски донесоа водство за домашниот тим од 4:1. Сепак гостите со вториот гол на Ахмедовски и Лазани во 60 минута намалија на 4:3.
Содржината продолжува под рекламата
Прилепчани одново имаа предност од два гола разлика со голот на Тасевски во 64 минута. Башкими не се предаде, па така до крајот на натпреварот преку Шпенди Ахмедов во 79 минута и Јашари во 89 со гол од пенал дојдоа до голем бод во Прилеп.
По четири одиграни кола Башкими од Горно Јаболчиште се наоѓа на втората позиција на табелата со 8 освоени бода. Во следното коло тие се домаќини на екипата на Превалец.
Можеби ќе ве интересира: