Во последното деноноќие повеќе оздравени од новозаразени во Велес

veles
veles

И денес бројката на новозаразени во Велес е мала. Ковид статистиката на Министерството за здравство регистрира пет новозаразени велешани, додека 10 се оздравени. Бројот на активни случаи е 257.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19 во:

Agria

Скопје – 99, Прилеп – 26, Кавадарци – 19, Куманово – 17, Струмица – 15, Неготино – 9, Тетово и Кочани – по 7, Гостивар – 6, Штип и Велес – по 5, Охрид и Гевгелија – по 4, Струга – 3, Виница – 2, Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип – по 1. 

Регистрирани се 274 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (68г – странец хоспитализиран во Скопје, 86г), 2 пациенти од Крушево (71г,71г), и по еден пациент од Тетово (62г), Прилеп (85г) и Пробиштип (71г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови. 

Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројката на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а бројот на активни случаи изнесува 8.369. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: