Во сабота второ авионско прскање против комарци во Велес

Avionsko prskanje protiv komarci
Avionsko prskanje protiv komarci

Општина Велес ја информира јавноста дека, второто авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 26 јуни (сабота) 2021 година, во периодот од 05:00 до 08:00 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 27 јуни (недела) 2021 година.

Zito akcija 640x289px

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Agria

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Третманот се врши со средство Ciceron 2.0 ulv, производ од Biogenesis, Belgrad Srbija, кој се разредува со растително масло, се известуваат граѓаните, да ги покријат автомобилите или да ги измијат после спроведувањето на третирањето. Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: