Поради зголемувањето на новите случаи, од кои повеќето биле увезени од странство, но се и последица од ублажувањето на мерките, словенечката влада денес ја пропиша обврската за носење маски на затворени јавни места и во јавен превоз.
Во Словенија, во последните 24 часа потврдени се шест нови случаи на коронавирус.
Од почетокот на пандемијата во Словенија, потврдени се вкупно 1 547 заразени лица. Во болница во моментов се лекуваат седум пациенти со Ковид-19, од кои двајца се во одделот за интензивна нега.
Нема потврдени смртни случаи меѓу заразените во последните 24 часа, но бројот на официјално потврдени починати се зголеми од 109 на 111 од вчера, откако беа ажурирани податоците за април, бидејќи од тој месец уште два смртни случаја се препишуваат како последица на Ковид-19.
Можеби ќе ве интересира: