Во Словенија, во последните 24 часа беа потврдени 1113 нови случаи на коронавирус, а седум лица починаа од компликациите на ковид-19, што го продолжува многу критичниот период на пандемијата поради која беше воведен мал карантин во земјата од саботата, која ќе трае најмалку една недела.Од утре се воведува забрана за движење надвор од областа на матичните општини.
Поради епидемиолошката состојба, полицискиот час е сè уште во сила, со забрана за напуштање станови и куќи од 21 до 6 часот наутро, а продавниците што не продаваат храна и основни потреби, како и техничка стока и градежни материјали се затворени.
Со новите случаи на заразени, бројот на вкупно потврдени заболени од коронавирус се зголеми на 24 063 од почетокот на пандемијата, од кои 15 230 се активни случаи, а 14-дневната инциденца на инфекции се зголеми на 727.
Можеби ќе ве интересира: