Поради новите ограничувачки мерки во Словенија, паровите не можат да се венчаат сè додека не се смири пандемијата, освен во „итни и неопходни“ случаи, а министерот Алеш Хојс ја наведе бременоста на младата жена како оправдана причина за итна венчавка.
Во исклучителни случаи, паровите можат да стапат во брак за време на пандемија со примена на епидемиолошки мерки и присуство на матичар и најмногу две други лица и со дозвола на надлежниот министер.
Според Националниот завод за статистика, во Словенија скоро половина од децата родени оваа година се родени вонбрачни. Невенчаните парови со дете формално се поврзуваат со граѓанска или црковна церемонија во повеќето случаи подоцна, понекогаш кога веќе имаат повеќе деца.
Mожеби ќе ве интересира: