Во сообраќајка утрово тешко повредена 17-годишна велешанка

Policiski cas 997x485

17-годишна велешанка е тешко повредена во сообраќајка што се случила утрово на крстосницата ка сендвичарница Круг, во близина на училиштето „Васил Главинов“ во Велес.

Zito akcija 640x289px

До несреќата дошло кога утрово во 3:30 часот автомобил марка „Опел Зафира“ се судрил со мотор марка „Априлија“, по што најтешко поминала девојката која го управувала моторот.

Agria

„На 07.09.2020 во 03.30 часот било пријавено дека на крстосница од улица „Борис Трајковски“, улица „Христо Татарчев“ и улица „Кумановска“ во Велес, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел зафира“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.Д.(23) од Велес и мопед „априлија“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 17 – годишна малолетничка од Велес“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, која била пренесенаво Општата болница Велес.

„Кај девојката е констатирана скршеница на лева подлактица, направена е имобилизација и пуштена е на домашно лекување“, соопшти Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11795/registrirani-se-408-prekrshoczi-za-nenosene-zashtitna-maska/