Двајца мигранти загинаа со сообраќајна несреќа која вчера се случила на патот Струмица – Штип, во близина на Радовиш, а 12 луѓе се повредени.
На местото на незгодата починал еден од мигрантите, а еден им подлегнал на повредите во медицинскиот центар во Штип.
Останатите лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека еден полициски службеник се здобил со повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.
Во периодот од 22.40 до 23.40 часот сообраќајот на наведениот патен правец бил во прекин, а потоа е пренасочен по спореден пат.
Извор: slobodenpecat.mk
Можеби ќе ве интересира: