Во последните 24 часа регистрирани се нови 242 нови случаи на коронавирус во земјава, од нив четири случаи се регистрирани во Велес, пет пациенти се оздравени. Бројот на активни случаи на ковид-19 во Велес е 104.
Содржината продолжува под рекламата
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.561 тестирања, а регистрирани се 242 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 173, Прилеп – 12, Битола – 10, Кавадарци – 9, Куманово – 6, Гевгелија – 5, Велес – 4, Тетово, Гостивар, Охрид, Струмица и Струга – по 3, Кочани и Делчево – по 2, Кичево, Крива Паланка ,Дебар и Валандово – по 1.
Содржината продолжува под рекламата
Регистрирани сe 247 оздравени пациенти од: Скопје – 101, Битола – 19, Прилеп и Струмица – по 15, Охрид и Валандово – по 11, Тетово – 10, Куманово и Ресен – по 9, Кавадарци – 8, Велес и Кочани – по 5, Крива Паланка и Виница – по 4, Кичево, Штип, Радовиш и Македонски Брод – по 3, Гевгелија и Пробиштип – по 2, Струга, Свети Николе , Кратово , Богданци и Демир Хисар – по 1.
Содржината продолжува под рекламата
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (71г и 87г), и едно починато лице од Кавадрци (84г), Охрид (72г), Струга (74г) и Ресен (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.972, бројот на оздравени пациенти е 213.174, на починати е 7.981, а бројот на активни случаи изнесува 4.817.
Можеби ќе ве интересира: