Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m2), особено во источните и јужните делови, локално проследени со грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Денес, во Велес според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура во Велес ќе се искачи до 27 степен.
