Утре со почеток од 13 часот, на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес, ќе се одигра дербито на дното на табелата во Втората фудбалска лига. Борец 1919 има шанси со победа над Вардар Неготино да го напушти дното на табелата и да се искачи кон средината на табелата.
Утрешниот натпревар ќе биде вистински тест за момците на Даниел Стојановски. Победа ќе им даде голем поттик и самодоверба за преостанатиот дел од сезоната.
По 10 одиграни кола велешкиот тим се наоѓа на 15 позиција со 5 освоени бода, додека екипата на Вардар од Неготино се наоѓа на 13 место со 8 освоени бода.