Во Велес нема нов случај на коронавирус, нема ниту еден починат како последица на ковид-19

Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа не е регистриран нов случај на коронавирусот, нема ниту оздравен пациент . Само тројца велешани се во статистиката на активни случаи.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа нема ниту еден починат како последица на ковид, а од направени 2 887 тестирања, регистрирани се 29 нови случаи на ковид-19 од: Скопје – 9, Кичево – 5, Куманово и Тетово – по 4, Прилеп и Охрид – по 2, Штип и Струмица – по 1.

Agria

Регистрирани се 34 оздравени пациенти, нема починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 568, бројката на оздравени пациенти е 149 676, на починати е 5 472, а бројот на активни случаи изнесува 420.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21542/pet-paczienti-se-lekuvaat-od-kovid-vo-veleshkata-bolnicza/