Во Велес нема нов случај на ковид-19 изминатите 24 часа

Veles Noemvri 2021

Во ковид статистиката на Министерството за здравство , денес се регистрирани 153 нови случаи на ковид-19, во Велес нема регистрирано нов случај, додека 26 пациенти го победиле вирусот. Еден пациент на 80 годишна возраст е починат. Бројот на активни случаи во Велес е 321.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.549 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 108, Куманово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 6, Битола – 5, Крива Паланка – 4, Виница – 2, Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе, Берово, Делчево и Пробиштип – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 309 оздравени пациент од: Скопје – 120, Куманово и Велес – по 26, Кочани – 20, Штип – 18, Кавадарци – 16, Прилеп – 13, Битола – 11, Тетово – 9, Македонска Каменица – 7, Крива Паланка и Свети Николе – по 6, Гостивар – 4,Струмица, Кичево и Берово – по 3,Виница, Неготино,Делчево, Пробиштип, Гевгелија, Валандово и Кратово – по 2, Ресен,Крушево, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: по  2 починати лица од Прилеп (54г и 63г), Кавадарци (49г и 70г), и Демир Хисар (74г и 77г), по едно починато лице од Скопје (69г), Кичево (58г), Битола (61г), Гевгелија (69г) и Велес (80г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени  две починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021.Регистрирани се по едно починато лице од Скопје и Крива Паланка на возраст од 61 до 80 години,од кои еден е починат во болнички услови ,а еден е починат во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.705, бројот на оздравени пациенти е 188.849, на починати е 7.145, а бројот на активни случаи изнесува 6.711.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24852/zhena-napadnala-trojcza-mazhi-vo-jabolchishte/