Во Велес регистриран еден нов случај на ковид-19

VELES JULI 2021
VELES JULI 2021

Единаесет дена Велес беше град без ниту еден активен случај на ковид-19. Денес Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на Ковид-19. Еден случај на заразен со коронаирус е регистриран и во Велес.

Zito akcija 640x289px

Состојба по градови изгледа вака: Куманово – 15, Скопје – 7, Тетово – 6, Гостивар – 2 и по еден во Прилеп, Велес, Штип, Струмица, Кочани и Кичево. 

Agria

Регистрирани сe и 12 оздравени пациенти. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.017, бројката на оздравени пациенти е 150.263, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 265.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: