Овој викенд Велес ќе биде домаќин на најголемиот спортски настан кој се одржал во градот. Во организација на Кајак Кану Клуб Арка Борец Велес, на водите на река Вардар во Велес, ќе се одржи Светскиот куп во кајак на диви води-спуст.
Текстот продолжува под рекламата
Албанија, Австралија, Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Естонија, Германија, Велика Британија, Косово, Македонија, Србија, Словачка, Словенија, Франција, Италија и Швајцарија се земјите кои ќе имаат преставници на овој Светскиот куп во кајак на диви води-спуст.
Текстот продолжува под рекламата
Натпреварите ќе започнат во сабота кога ќе бидат на натпреварувачите ќе се борат за титулите од Светскиот куп во спринт, додека класичните трки се во недела.
Покрај натпреварот, во Велес ќе се одржи и тренерски семинар на Светскиот куп во кајак на диви води-спуст за 26 учесници.
Можеби ќе ве интересира: