Во Велес водостојот на река Вардар е зголемен за 50 сантиметри

Според информациите на УХМР, нивоата на реките во земјава во најголем дел се движат над просекот за месец декември или во рамки на просекот. Нивото на реката Вардар е повисоко од декемврискиот просек на сите четири мерни места.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во Велес водостојот на реката Вардар е зголемен за 50 сантиметри во однос на вчерашниот ден, покажуваат резултатите на Управата за хидрометеоролошки работи или бележи покачување на просечниот водостој за месец декември од 36 сантиметри. Сепак од Управата не очекуваат поголема промена водостојот во однос на вчерашниот ден.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Повисок водостој од декемврискиот е измерен на Дојранското Езеро, понисок кај Преспанското, а Охридското Езеро е во рамки на просекот за декември, велат од УХМР.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/25768/video-tabakov-so-13-pogodoczi-go-reshi-lokalnoto-rakometno-derbi-vo-kadetskata-liga/