Во велешка болница седум ковид пациенти на кислородна поддршка

Bolnica Veles

Бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 во велешката болница во моментов на 26 што е за еден пациенти помалку од вчерашниот ден. Од нив, 12 имаат позитивни тестови, еден пациент е сомнителен на вирусот, а 11 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега.

Zito akcija 640x289px

На кислородна поддршка се седум пациенти. На инфективното одделение се сместени 15 пациенти, а на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат 11 пациенти.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во последните 24 часа во велешкиот ковид центар нема ниту примени нови пациенти, а еден пациент е испишан, извршен е и транспорт на една пациентка во приватната клинија „Жан Митрев“ во Скопје.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26291/kavadarczi-za-prv-pat-po-40-godini-dobi-nova-gradinka/