Уште еден пациент ја изгуби битката со коронавирусот. 77 годишен пациент од село Оморани почина од последиците на вирусот.
Од велешката болница информираат дека бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 во моментов е 28 што е за тројца пациенти помалку од вчерашниот ден. Од нив, 17 имаат позитивни тестови, нема пациенти кој се сомнителени на вирусот, а 11 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега.
Содржината продолжува под рекламата
На кислородна поддршка се 19 пациенти. Во последните 24 часа во велешкиот ковид центар хоспитализиран е еден нов пациент, и еден пациент е испишан.
Можеби ќе ве интересира: