Патници кои го користат возот како превозно средство, реагираа дека во последните десетина дена нема греење во возовите, а патниците седат во ладни купиња. Тие реагираат и на хигената во вагоните и санитарните јазли во старите возови која е на незадоволително ниво.
Содржината продолжува под рекламите
„Се смрзнуваме кога патуваме од Велес кон Скопје и обратно. Греење нема, на утринските температури се длабоко под нула, па можете да замислите како е да седите еден час на такви температури. Згора на се, во возовите хигиената е на многу ниско ниво, тоалетите се нечисти, а слично е и со копеата“, рече патничка од Велес, која секојдневно патува на релација Велес – Скопје и обратно.
Содржината продолжува под рекламата
Од „Македонски железници“ ги демантираат овие тврдења. Сепак, признаваат дека од технички причини, во некои возови нема или греењето е слабо, но ваквите случаи ги нарекоа изолирани.
Содржината продолжува под рекламата
„Ние до сега немаме добиено никаква поплака или жалба од некој патник, но доколку има таква, патниците може во секоја станица каде има патничка благајна, своите жалби, па и пофалби да ги запишат во „Книгата за жалби“ која е отворена за оваа намена во секоја од нив, или на официјалната наша електрнска пошта: [email protected], како би можеле понатаму да постапуваме и да се подобруваме. Во врска со греењето, новите кинески гарнитури редовно имаат греење, а за класичните состави (вагони и локомотиви) редовно се користат локомотиви со исправно електрично напојување. За жал, инцидентно се случува, од технички причини, да во одредени возни средства нема или е слабо греењето. Настојуваме максимално брзо да ги санираме тие технички проблеми и да временските интервали без греење бидат што пократки“, велат од ЖРСМ Транспорт.
Дека состојбите во железницата во државата не се розови е факт за кој се предупредува уште поодамна. Неодамна утринскиот воз од Скопје за Битола до крајната дестинација патувал околу десет часови, а возови кон Кочани поодамна не транзитираат.
Железничкиот сообраќај во Европа е еден од најсигурните и најкористените превози на патници и стока. Скоро секаде државните железнички оператори во делот на патничкиот сообраќај работат со загуби, но гледано од социјален аспект, државите се грижат за своите граѓани и континуирано го субвенционираат овој вид на сообраќај. За разлика од нив, кај нас железничкиот сообраќај се смета за бавен, несигурен и често неудобен превоз, државата реагира само кога некој од вработените во железници ќе штрајкува.
Можеби ќе ве интересира: