Водата во езерото Младост е исправна за капење, Бабуна не!

ezero-mladost

Водата во езерото Младост е исправна за капење и рекреација, покажуваат последните тестирања на Центарот за јавно здравје во Велес. Направени се хемиски и  микробиолошки тестирања на мостри земени од неколку места на езерото и според добиените резултати параметрите се во границите на максимално дозволените граници.

Zito akcija 640x289px

Резултатите од лабораториските анализи на мостри земени од водата на Градска плажа бр.1, покажуваат дека во однос на микробиолошките индикатори, водата е исправна, додека според физичко-хемиските параметри водата по матност е во 5-та, а по однос на другите параметри е во 2-ра и 1-ва класа.

Agria

Водата во река Бабуна не е дозволена за капење затоа што анализите на Центарот за јавно здравје, направени на мостри земени на мерно место плажа 1, над кланица, покажуваат дека е бактериолошки неисправна и во неа се содржи бактеријата ешерихија коли. По матност водите на реката се во 5-та класа и во 3-та класа по бактериска контаминација, затоа не можат да се користат за капење и рекреација и за наводнување на земјоделски површини.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21782/pekolnite-temperaturi-prodolzhuvaat-i-vo-slednite-denovi/