Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера ги повика американските софтверски компании Мајкрософт и Оракл, како и германскиот производител на деловни софтвери САП, да ги прекинат услугите за поддршка за нивните производи во Русија.
„Престанете да ги поддржувате вашите производи во Русија, престанете со војната“, напиша Зеленски на Твитер, пренесува Ројтерс. Претседателот на Украина му се заблагодари и на Мета и на „другите платформи кои заземаат активна позиција, помагаат и стојат рамо до рамо со Украинците“.
Има само црно и бело, добро и зло! Или сте за мир или го поддржувате крвавиот руски агресор во убиството на украинските деца и жени“, напиша меѓу другото.
Претходно, компанијата Мета платформи, поради настаните во Украина, привремено ја укина забраната за повикување насилство врз руската армија, но не и врз цивилното население на Руската Федерација, на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.
Потпретседателот на компанијата Ник Клег изјави дека новата политика на Фејсбук и Инстаграм ќе се применува само во Украина и нагласи дека Мета нема да толерира русофобија на своите платформи и каква било дискриминација на Русите.
Можеби ќе ве интересира: