Волонтери на Црвениот крст поставија мобилен резервоар за гасење пожар кај Папрадиште

Волонтери на Црвен крст утринава поставија мобилен резервоар за вода со чија што помош се гаси пожарот кај селата Папрадиште и Ореше.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Два хеликоптери црпеа вода од мобилен резервоар поставен на фудбалското игралиште во Богомила. На тој начин значително се скратува времето за дејствување на леталата.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Инаку од вчера во е започнат пожар помеѓу селата Ореше и с.Папрадиште, Општина Чашка. Со пожарот е зафатена површина насадена со млади насади од шума. Во гаснењето на пожарот во текот на денот интервенирале 5 пожарникари со 1 ПП возило и 5 лица од ЕЛС Чашка.

Можеби ќе ве интересира: