
Поради снежни врнежи изутринава од 07:00 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на на превој „Стража” на патниот правец Кичево-Гостивар.
Забрана за камиони е воведена и на патниот правец Маврово-Дебар, информираат од АМСМ.
На другите патни правци сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат.
Можеби ќе ве интересира: