Нова железничка несреќа се случи во близина на Велес. Воз кој се обраќа на линијата Велес – Битола утрово околу 9 часот удри автомобил на железничкиот прeмин кај велешкото село Горно Оризари.
За среќа, во инцидентот нема жртви и повредени. Во автомобилот бил само возачот, а возот удрил го задниот дел од неговото возило.
Екипа на итната медицинска помош веднаш пристигна на местото на настанот. Полицијата во моментов врши увид на местото на несреќата.
Во последните шест месеци ова е петта железничка несреќа на пругите околу Велес, во кои загинаа двајца, а осуммина се повредени.
Можеби ќе ве интересира: