Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Возачите да бидат внимателни: На повеќе патни правци видливоста е намалена до 50 метри

magla
magla

На повеќе патни правци во земјава има магла и видливоста за возачите е намалена и до 50 метри поради што се препорачува внимателно возење и приспособување на брзината на движење.

Zito akcija 640x289px

Според информациите од АМСМ, намалена видливост до 50 метри има на патиштата: Битола – Прилеп, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Штип – Радовиш, Штип – Неготино и Тетово – Скопје.

Agria

Магла има и на други патни правци иако видливоста е нешто поголема, па така од 50 – 100 метри е на патот: Кочани – Виница, Скопје – Куманово и клучка Хиподром – обиколница Скопје. Од 100 – 150 метри видливост, пак, има на правците Велес – Скопје, Скопје – Велес, Градско – Неготино и Македонски Брод – Кичево.

На останатите државни патишта сообраќајот, како што соопштија од АМСМ, се одвива непречено и на некои места по влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонската страна нема подолги задржувања.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: