Возбудлива завршница на групната фаза во Велес, следуваат четвртфиналните дуели

Со одигрувањето на последните натпревари вчера, успешно заврши групната фаза на Детскиот фудбалски турнир 2025, кој оваа недела се одржува во прекрасниот амбиент на Градскиот парк во Велес.

Натпреварите од последното коло понудија многу возбуда и изненадувања. Во Група А, Работник Галактикос го совлада тимот на Нова Колонија со 2:1, додека Тополка беше подобра од истиот противник со резултат 2:1, обезбедувајќи си место во четвртфиналето.

Agria

Група Б донесе едно големо изненадување, екипата на Блум Бренд го победи фаворизираниот Карфорју со минимални 1:0, резултат кој ги однесе директно меѓу најдобрите осум. Во Група В, Борец 1919 го демонстрираше својот квалитет совладувајќи ја екипата на Оризари со убедливи 6:0.

По комплетирањето на групната фаза, веќе се познати и четвртфиналните парови, кои ќе се одиграат во петок:

  • Тополка – Блум Бренд

  • Мала Ајакс – Работник Галактикос

  • Борец 1919 – Којник

  • Наш’то Маало – Јаболчиште

Натпреварите ветуваат нова доза на динамика, талент и натпреварувачки дух, додека турнирот продолжува кон својата завршница.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: