Возилата на водород чистат и не загадуваат. Странска делегација ги посети електраните и фабриките на „Феро инвест“

Feroinvest poseta Kocani

Делегација од 30 лица од организации и институции од областа на енергетиката, енергетската ефикасност, енергетската транзиција, зелената енергија и зачувувањето на животната средина од Франција, Австрија, Швајцарија, Словенија, Романија, Бугарија, Украина и од неколку општини од нашата земја, посетија дел од фабриките и електраните на групацијата „Феро инвест“, кој важи за лидер во енергетската транзиција кај нас.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Присутните се запознаа со енергетски ефикасните електрични и водородни возила за одржување хигиена во градски средини кои се произведуваат во „Брако“, при што детали за овој високотехнолошки и за околината нештетен производ изнесе оперативниот директор Ангел Анѓушев.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во Овчеполскиот регион гостите од странство ја посетија биогасната електрана „Био Ентерпрајз“ во Сарамзалино, каде проект-менаџерот Арти Ќормемети ги информира за производниот процес кој има нула загадување, односно производство на биогас кој потоа служи како погонско гориво за производство на електричната енергија.

Делегацијата беше и на локацијата на фотоволтаичната електрана „Централ инвест“ во Кочани, која е исто така инвестиција на групациите „Феро инвест“ и „Централ инвест“.

Посетата организирана преку Хабитат-Македонија беше дел од проектот EXCITE, кој во рамките на европската програма Хоризонт 2020 има за цел директно да ги подобри акциските планови во 25 општини ширум Европа во однос на климатските промени.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: