Возовите не сообраќаат, железничарите бараат плата за април

Krenati rampi voz
Krenati rampi voz

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава од утрово е во прекин поради неисплатената априлска плата на вработените во Железници на РСМ-Транспорт. Вработените од подружницата влеча на возови во депото Лисиче престанаа со извршување на работните обврски, пa утрово од 8 часот прекинат e железничкиот сообраќај.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Железничарите бараат да им се исплаќа платата во согласно со договорениот период, и тоа вториот дел од платата најдоцна до 25-ти во месецот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Инаку, во државното железничко претпријатие постојано има штрајкови. Последен пат, дури 12 дена штрајкуваа железничарите во април годинава, откако им беше исплатен вториот дел од платата за февруари.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: