Вработените во управата и правосудството со двочасовен прекин на работата

pari denari
pari denari

Вработените во правосудството денеска и утре ќе ја прекинат работата два часа, од 10 до 12 часот.

Zito akcija 640x289px

Велат дека 95 проценти од институциите исплатиле плата под минималецот од 18.000 денари, а другите 5 проценти или не исплатиле или исплатиле плата со грешки. Од Синдикатот на УПОЗ во кој членуваат работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани, бараат исплата на минимална плата за сите и усогласување со минималецот за останатите вработени – односно повисоки плати за 2.806 денари.

Agria

Ќе се протестира во сите оние институции каде Синдикатот на УПОЗ има синдикални организации како што се министерства, агенции, фондови, управи.Од УПОЗ претходно неделава истакнаа дека само вработените во управата и правосудството земаат плата под минималната, што го зголемува незадоволство. Најави дека протестот ќе трае сè додека надлежните не ги повикаат на преговори со цел да се договорот за исплата на минималецот и усогласување и на останатите плати со него.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: