Врање го совлада Борец во првиот тест за велешани

RK Borec Vranje

Ракометарите на Борец се поразени во првиот тест напревар за претстојната сезона. Во Велес вчера гостуваше српскиот прволигаш Врање 1957 и беше подобар од домаќините со резултат 23:32.

Zito akcija 640x289px

Најефикасни во составот на Борец беа Димче Минов со шест и Лазар Стојанов со пет гола додека кај гостинската екипа се истакнаа Милутиновиќ Тасиќ и Павловиќ со по шест погодоци. Тренерот на Борец, Игор Тодоровски го искористи овој натпревар и за проверка на новите засилувања.

Agria

Екипата на Борец во наредниот период ќе одигра уште неколку контролни натпревари со екипи од Македонија. Во новата сезона клубот се надева на пласман во плеј офот во Првата ракометна лига.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: