Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните делови (над 20 l/m2).
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Од среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на темературата.
Можеби ќе ве интересира: