Временска прогноза

sneg saat kula

Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието.

Zito akcija 640x289px

Поради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, по должина на Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 4 степени.

Agria

За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег. Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26767/vo-vozovite-kako-vo-frizhider-reagiraat-patniczi/