Времето денеска според најавите на УХМР ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и услови за појава на град.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. УВ=6
До понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и услови за град.
Во вторник ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а од среда ќе настапи стабилизација. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Можеби ќе ве интересира: