Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Попладне ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени, информираат од УХМР.
Од среда до петок ќе настапи стабилизирање на времето, а во деновите од викендот повторно се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Можеби ќе ве интересира: