Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со услови за краткотраен пороен дожд во југоисточните делови попладне.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени.
Во наредните денови следува период на постабилно време. Ќе преовладува сончево со повремено зголемување на облачноста и со постепен пораст на дневните температури. Услови за појава на краткотраен пороен дожд понекаде и со грмежи ќе има утре на крајниот југоисток, но и во вторник кога преку денот ќе дува и засилен северозападен ветер.
Можеби ќе ве интересира: