Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со засилен северозападен ветер, особено во западните делови.
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. УВ=8
Во следните денови ќе се задржи многу топло време, особено во јужните делови од земјата. Нестабилно ќе биде денеска и во сабота, а од недела се очекува постепено стабилизирање на времето.
Можеби ќе ве интересира: