Временска прогноза

Veles Malo movce Oktomvri 2021

Времето утре ќе биде студено, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Zito akcija 640x289px

Како што информира УХМР, во Скопје претпладне ќе биде умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде пет, а максималната 18 степени.

Agria

Во следните денови утрата ќе бидат студени, а до петок и дневната температура ќе биде под просекот за овој период од годината. В петок ќе има услови за слаб локален дожд. Од сабота дневната температура ќе биде во значителен пораст.

Во следните три дена минималната температура ќе се движи од нула до 11 степени, а максималната од 13 до 25 степени.