
Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. УВ=6
Според УХМР, до утре наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе биде променливо облачно и особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер.
Од четврток температурите ќе бидат значително повисоки и ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови.
Можеби ќе ве интересира:
