Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
И утре ќе се задржи стабилно време, но со зголемена облачност во попладневните часови.
Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2). Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, а дневната температуара значително ќе се намали.
Можеби ќе ве интересира: