Денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, а во западните делови значително облачно.
Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Содржината продолжува под рекламата
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди. Во петок попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Локален дожд ќе има и во сабота. Во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата.
Можеби ќе ве интересира: